ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА МЗТ и Гостивар се будат први во новата македонска кошаркарска година

МЗТ и Гостивар се будат први во новата македонска кошаркарска година

сподели
фото: МЗТ Скопје/Петр Стојановски

Шампионот (лидер на табелата со 9/2) и екипата што е во одлична форма сезонава (на втората позиција со 8/3), ќе се соочат (20:15 ч.) во првиот натпревар во 2020, во продолжението на возбудувањата во нашата Прва лига.

Аеродромци имаат само два пораза на последните 10 средби, двата се во регионалната лига, но во овој натпревар влегуваат со победа против Сутјеска во Јане Сандански. АБА 2 е разликата што се чувствува кај штрковите и другите наши екипи – тие, за наши услови силни мечеви, го одржуваат првакот во ритам преку целата сезона.

Гостиварци забележаа осум победи на последните 10 одиграни натпревари, пред паузата победија против Работнички, но претходно загубија неочекувано убедливо кај Пелистер и дома од за-нив-секогаш-незгодниот-ривал, Куманово.

Од претходните дуели на овие два тима…

Овие два тима досега одиграа 12 меѓусебни натпревари, дел од нив беа сензационални пресметки. На последната средба, Гостивар победи дома, но на 6 гостувања во Аеродром, се уште нема позитивен скор. Актуелниот шампион има убедливи 9/3 во дуелите со „новиот“ Гостивар.

Во другите средби од 12-то коло, се среќаваат Еуро Никел и Кожув, ФМП Академија и Пелистер, односно Работнички и Куманово.