ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА МЗТ и Гостивар ни го дадоа МАКЕДОНСКИОТ СОН!!!

МЗТ и Гостивар ни го дадоа МАКЕДОНСКИОТ СОН!!!

сподели
фото: МЗТ Скопје Аеродром, Роберт Спасовски

Одамна не сме гледале такво нешто во елитните екипи. Одамна немало такво нешто на прволигашки натпревар. Не е важно кој ги зеде бодовите, битно е дека победи МАКЕДОНСКАТА кошарка.

Немаме ништо против никого, но нашето ни е најдраго. Светот денес е отворен, но некако највкусно ни е домашното. Во одредени периоди, различни за двата тима, петорките на прво и второпласираната екипа беа чисто македонски.

Ова не е атак врз странците, добредојени се. Ова е поука за другите наши екипи кои ги потценуваат и не работат доволно и квалитетно со нашите деца. И овие два тима си имаат фалинки, но најверојатно најбрзо учат.

И, за оние паметните што ќе се јават – да, ова се НАШИ ЕЛИТНИ екипи. Какви се, такви се, наши се! А во сала, само 150 души. Каде сте, љубители на кошарка? Или ќе дојдете да се сликате кога ќе дојде Звезда?