ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА МЗТ 2 ја пушти ковачницата во погон

МЗТ 2 ја пушти ковачницата во погон

сподели
Душан Манојловиќ (спортски директор) и Горан Крстевски

Првпат во нашата историја, две кошаркарски екипи со еден корен ќе настапуваат во нашата прва лига. Втората екипа на МЗТ Скопје Аеродром, која што е посебен правен субјект, почна со подготовките за новата сезона во која производството на играчите за првиот тим и опстанокот, ќе биат примарните цели.

Тренер на екипата останува Горан Крстевски, кој ќе продолжи со работата на развивање на квалитетот на најталентираните кошаркари од младинската школа, заедно со досегашниот помошник, Синиша Аврамовски.

„Акцентот е биде ставен на создавањето база за првата екипа, но бенефит ќе има комплетната македонска кошарка, бидеји децата што ќе излезат од нашите раце ќе бидат играчи за сите екипи во нашата Прва лига во наредните 10-тина години.“ – ни изјави Горан Крстевски.

МЗТ 2 ќе има голем предизвик пред себе затоа што конкуренцијата во втората и во првата лига на Македонија не се ни одблиску исти, но ако мислеа дека ќе биде лесно немаше ни да ја почнуваат оваа приказна.

„Императив ќе ни биде игра без резултатски притисок, но борбата за опстанок нема да изостане. Нема да се предадеме пре дникого, можеме д аветиме дека на секој противник ќе му бидеме „индиски кревет“ што ќе мора да го поминат боси.“

Потегот да се има втора екипа, во услови кога е екстремно тешко да се обезбедат финансии за кошарката, особено во Македонија, е храбар и наликува на мазохизам.

„Во 74 години постоење на македонската кошарка, ова е прв случај да имаме две екипи во прволигашка конкуренција, кои што потекнуваат од исто јадро.

Посебна заслуга за ова има нашата управа на чело со Тони Грнчаров кој почна да ја турка и не се откажа до крај од идејата прво да се пласираме, а потоа и да се натпреваруваме во премиерната конкуренција.

Нивната храброст и визија, ние треба да ја преточиме во проект што сакаме да заживее и да опстојува во нашата елита најмалку неколку години…“ – се зборовите на огромниот ентузијастот и голем познавач на кошаркарската игра, кој повторно добива шанса да биде прв тренер на една прволигашка екипа.

Во кариерата, Горан Крстевски имаше завидни резултати на младинско ниво и во пониските рангови, произведе и искали многу играчи, беше тренер во Прва лига, беше асистент во ЦСКА Софија во УЛЕБ Купот, потоа беше помошник и в.д. прв тренер на МЗТ Скопје во АБА лигата и Еврокупот, а воедно подолго време е дел од стручниот штаб на нашата А селекција.