ПОЧЕТНА Репрезентации Мундијалското проклетство удри и на Русите

Мундијалското проклетство удри и на Русите

сподели
FIBA

По серијата откажувања во американската репрезентација, повредите на Томас Ертел и Милош Теодосиќ, малер ја снајде и селекцијата на Русија.

Еден од најдобрите во составот Алексеј Швед доживеа повреда на стапалото, поточно на лигаментите на тетивата која се наоѓа од петата кон прстите. Заздравувањето ќе трае најмалку четири недели што значи дека тој нема да биде подготвен за Светското првенство кое почнува на 31 август.

„Не можев ни да замислам дека ќе го пропуштам Мундијалот, многу сум тажен. Цело лето работев индивидуално, имав болки на скочниот зглоб, но бев уверен дека ќе играм.

За жал, докторите ми забранија да тренирам и веднаш го известив за тоа селекторот Сергеј Базаревич“, изјави Швед.

Русија е во групата Б на Светското првенство, заедно со Аргентина, Кореја и Нигерија.