ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Му се погодија резултатите на Работнички

Му се погодија резултатите на Работнички

сподели

Од четири екипи кои по првите две кола имаа максимален ефект, остана само 15-кратниот македонски шампион.

Еуроникел загуби од Кожув, МЗТ Скопје е поразен од Гостивар, а Работнички славеше во директниот дуел со Куманово. Со тоа, тимот од Градски парк излезе сам на чело на табелата по три круга од домашното првенство.

Зад него сега се дури пет екипи со биланс од две победи и еден пораз. Кожув има најдобра одбрана, а Работнички најдобар напад што и не е чудо со оглед на играчите со кои располага Димитар Мираковски.

Без победа по три кола се само дебитантите во елитата – Академија ФМП и МЗТ Скопје 2.