ПОЧЕТНА СВЕТ Црна Гора најмногу ќе профитира од суспензијата на Русите

Црна Гора најмногу ќе профитира од суспензијата на Русите

сподели
FIBA

Откако минатото лето дебитираше на Светско првенство, селекцијата на поранешната југословенска република најверојатно ќе добие шанса да се избори и за место на една Олимпијада.

По суспензијата на руските спортисти поради прекршување на антидопинг правилата, вклучувајќи ја и кошаркарската репрезентација, оваа селекција ја загуби и можноста да игра и на квалификацискиот турнир што ќе се одржи во Сплит. Русија е во група со Германија и Мексико, а во другата група се Хрватска, Тунис и Бразил.

По дисквалификацијата, местото на Русија најверојатно ќе го пополни Црна Гора, како 26-та на ФИБА ранг-листата. Се ќе зависи од жалбата на Русите чиј исход ќе се знае до крајот на годината.