ПОЧЕТНА СВЕТ Монструозниот учинок на Јокиќ и новиот рекорд

Монструозниот учинок на Јокиќ и новиот рекорд

сподели
@nuggets

Српскиот центар одигра меч за паметење против Клиперс, во кој неговите Нагетс победија со 89:104 и со 4:3 се пласираа во финалето на Западот.

Тој постигна 16 поени, имаше 13 асистенции, а трипл-даблот го дополни со 22 скока, што е подобрување на неговиот рекорд (на франшизата, заеднички со Маркус Кемби) од минатата, кога оствари 19 скока.