ПОЧЕТНА СВЕТ (ВИДЕО) Молњата не прави звук се додека не удри!

(ВИДЕО) Молњата не прави звук се додека не удри!

сподели
si.com

Во 2008-та година, Бостон со Кевин Гарнет, Пол Пирс, Реј Ален и Ражон Рондо успеа да ги совлада Лејкерс на Коби Брајант, Пау Гасол и Дерик Фишер, со што Селтикс ја освоија едиствената титула во 21-от век.

Зелените ги почитуваат своите легенди, а по Пол Пирс, следен на листата од златната генерација, за „закачување на дресот“ е токму еден од најзаслужните за победата од 2008-та, „молњата“ под обрачите, Кевин Гарнет.

Точниот датумот уште не е одреден, но дресот со број 5 следната сезона ќе го најде своето место меѓу броевите на великани како „6-ката“ на Бил Расел, „10-ката“ на ЏоЏо Вајт, „32-ката“ на Кевин МекХејл, и „33-ката“ на Лери Бирд, меѓу останатите.