ПОЧЕТНА Некатегоризирана Молк во црно-белиот дел од Белград – Звезда со кош во последната...

Молк во црно-белиот дел од Белград – Звезда со кош во последната секунда до титулата

сподели
фото: MN Press

Петта година по ред, Црвена Звезда е кошаркарски шампион на Србија. По трофејот во АБА, оваа екипа триумфираше и во домашното првенство каде беше подобра од Партизан во четири натпревари.

Последниот беше одлучен во последната секунда, со кош на Били Берон за 75:76. Американецот беше најдобар поединец на мечот, постигна 21 поен вклучувајќи ги последните пет за својот тим во последната минута.

Натпреварот многу наликуваше на вториот од оваа серија кој му припадна на Партизан со тројка во последната секунда. Повторно „црно-белите доминираа во поголемиот дел од мечот, во првото полувреме имаа и двоцифрена предност, но не издржаа до крајот.

За Црвена Звезда ова е 20-та титула во клупската историја, петта во низа. Партизан последен пат бил шампион во 2014 година и сега Звезда има само еден трофеј помалку.