ПОЧЕТНА НБА Многу тежи тој дрес, Хезоња!

Многу тежи тој дрес, Хезоња!

сподели
Фото: Nathaniel S. Butler

Еден од кошаркарите кои требаше да биде носители на играта на хрватската репрезентација, го смени тимот и претстојната сезона ќе биде член на Портланд.

Тоа е трета франшиза во неговата НБА кариера по Орландо Меџик и Њујорк Никс во кои настапуваше претходните четири години.

Она што е интересно во приказната со Портланд е изборот на бројот што Марио Хезоња ќе го носи во новиот тим.

Дубровчанецот се одлучи за 44-ката која во истата франшиза пред три децении (од 1989 до 1991 година) ја носеше еден од најдобрите европски кошаркари на сите времиња Дражен Петровиќ.

По сопствено признание на поранешниот југословенски и хрватски репрезентативец, тоа беа двете негови најтешки сезони во кариерата, одигра вкупно 95 натпревари со ефект од околу шест поени по натпревар, далеку од неговиот просек во европската кошарка и во репрезентативните настапи.

И покрај тоа, да се носи дрес на Дражен Петровиќ, макар и во екипата во која не се прослави, претставува голема одговорност.

„Дражен е еден од најдобрите европски кошаркари, ако не и најдобар на сите времиња. Ова е посебен момент за мене“, објасни Хезоња.

Хрватскиот кошаркар замина во НБА пред четири години како огромен талент, но уште не го исполнил својот потенцијал. Минатата сезона во дресот на Никс просечно постигнуваше по 8,8 поени, 4,1 скока и 1,5 асистенции по натпревар.