ПОЧЕТНА А Репрезентација Многу познаници и должници во квалификациите за следното ЕП

Многу познаници и должници во квалификациите за следното ЕП

сподели
fiba.basketball

Македонија ќе игра во група со Русите, селекција што ни беше среќна за нашето прво учество на ЕП 1999, иако тогаш во квалификациската група два пати загубивме, а во Скопје дојдоа со 7 играчи, но и голем должник од ЕП 2011 и борбата за бронзата.

Италијанците не победуваа во квалификациите, за ЕП 1997 година, Естонците исто така во последниот претквалификациски циклус за СП 2019.

Еве ги осумте групи со по 4 екипи, најдобрите три од секоја одат на континенталниот собир, а каде што има домаќини, како во нашата група (*Италија, која што ќе игра вон конкуренција) одат најдобрите две.

Гледано едноставно и лаички, за учество на ЕП 2021, по пауза од 6 години, потребни ни се на пример две победи или подобар меѓусебен скор со Естонија и победи на Русија против истата селекција.

ГРУПА А:

Шпанија
Полска
Израел
претквалификант

ГРУПА Б:

Русија
Италија*
Македонија
Естонија

ГРУПА Ц:

Литванија
Чешка*
Белгија
претквалификант

ГРУПА Д:

Хрватска
Турција
Холандија
Шведска

ГРУПА Е:

Србија
Финска
Грузија*
претквалификант

ГРУПА Ф:

Словенија
Украина
Унгарија
Австрија

ГРУПА Г:

Франција
Германија*
Црна Гора
претквалификант

ГРУПА Х:

Грција
Летонија
БиХ
Бугарија