ПОЧЕТНА СП 2019 Многу нешта за првпат се случуваат на ова СП

Многу нешта за првпат се случуваат на ова СП

сподели
Sky Sports

Континенталниот собир во Кина е 18-то светско првенство во кошарка, што беше презакажано од минатата за оваа година, со што е првото што нема да се игра во иста година со фудбалското СП (ФИФА) од петтото во 1967-та година.

Групната фаза е проширена и ќе настапуваат 32 тима, 8 повеќе од последниот светски самит на најдобрите кошаркарски репрезентации во машка конкуренција. Турнирот воедно ќе биде и квалификациски, за пласман на ЛОИ 2020 во Токио.

Билет за Летните Олимписки Игри ќе добијат првите две земји од Европа и Америка, најдобропласираната од Африка, Азија и Океанија, заедно со домаќинот на ЛОИ, Јапонија. Чешка и Црна Гора се дебитанти на мундијалот.

Полска се враќа првпат по 1967-та година, на големата светска сцена. Воедно, првпат се одиграа и квалификации за пласман на ова СП, кои што беа оценети како контроверзен и комплициран систем воведен од страна на ФИБА.

Македонија, во својата прва шанса за пласман на СП преку квалификациите, испадна уште во претквалификациската фаза, во конкуренција со Естонија и Косово.