ПОЧЕТНА ЕВРОПА Многу нелогичности во одлуките на АБА, МЗТ Скопје меѓу оштетените!

Многу нелогичности во одлуките на АБА, МЗТ Скопје меѓу оштетените!

сподели
фото: Partizan NIS

Непосредно по завршувањето на бурната расправа на Собранието на АБА лигата, КК Партизан жестоко реагираше на донесените одлуки.

Поранешниот европски шампион за два дена, вторпат е драстично оштетен затоа што прво не му беше дозволен пласман во Евролига идната сезона иако во моментот на прекин на сезоната беше убедливо на првото место во АБА, а потоа не му беше доделена ни титулата во регионалното натпреварување. Партизан оваа сезона играше одлично на два фронта, во меѓувреме триумфираше и во Купот на Србија, но сето тоа е бадијала.

Преку својата телевизија, клубот се осврна на неколку прашања, меѓу кои има и едно што го тангира МЗТ Скопје. Македонскиот шампион не доби пласман во елитната дивизија иако обезбеди пласман во плеј-офот.

„Ако е копирана одлуката на Евролига, зошто се проширува лигата? Евролига ќе се рестартира со истите учесници, без оглед на пласманот во натпреварувањето кое е второ по ранг – Еврокупот.

Зошто на најдобропласираните екипи во АБА 2 им се признава правото за учество во повисок ранг, а не се признава правото на најдобропласираниот тим во АБА да биде прогласен за шампион според пласманот во основниот дел?

View this post on Instagram

Mnoga pitanja ostaju otvorena: 1) Ako je kopirana odluka Evrolige, zašto se proširuje liga? Evroliga se restartovala sa istim učesnicima, bez uzimanja u obzir plasmana u takmičenju koje je drugo po rangu, odnosno Evrokupa. . 2) Zašto se najbolje plasiranim timovima iz ABA 2 priznaje pravo da se na osnovu plasmana u regularnom delu ABA 2 plasiraju u viši rang, a ne priznaje se pravo najbolje plasiranom timu ABA da bude proglašen prvakom na osnovu plasmana u regularnom delu? 3) Po kom osnovu će se odrediti predstavnici ABA lige u Evrokupu naredne sezone, ako se plasman na tabeli u trenutku prekida lige ne priznaje kao konačan? Za nastavak takmičenja glasali su jedino Partizan, Budućnost i Mornar. . Gledajte TV Partizan! IPTV (321), Supernova (111), Pošta Net (278), Orion Telekom (310), Crnogorski Telekom (116), MTEL Republika Srpska (139) #partizan #partizanbelgrade #kkpartizan #grobari #partizanovci  #tvpartizan #bcpartizantv #partizanbc #bcpartizan #rkpartizan #jsdpartizan #vkpartizan #okpartizan #fkpartizan #fcpartizan #pfc

A post shared by TV Partizan (@tvpartizan.official) on

По која основа ќе се одредат претставниците на АБА во Еврокупот за идната сезона, ако пласманот на табелата во моментот на прекин не се признава како конечен?“, прашува Партизан.

Со оглед на тоа што Борац и Сплит ќе бидат административно промовирани во елитниот ранг од АБА 2, се поставува прашање според кои критериуми тие обезбедуваат место таму, а не МЗТ Скопје или некој друг, кога сезоната се поништува? И во оваа конкуренција остануваше да се одигра плеј-офот во кој нашиот претставник требаше да игра против Сплит, а втората полуфинална двојка ја сочинуваа Борац и Сутјеска.

Со ова, Хрватска и Србија ќе имаат уште еден клуб во АБА лигата, а Македонија останува единствена од поранешна СФРЈ (освен Косово кое не е ни член на АБА) без свој претставник.