ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Младинците тргнаа за Португалија

Младинците тргнаа за Португалија

сподели

Македонската М20 репрезентација преку Софија ќе отпатува за Матосињос, каде од 12-ти до 21-ви јули ќе учествува на Европското првенство Б-дивизија.

По повеќе од еден месец подготовки, младинците тргнаат на пат и ќе се обидат да остварат што е можно подобар пласман.

Нашите кошаркари се во групата Д, заедно со Белгија, со која играат во првото коло, домаќинот Португалија, Словачка и Луксембург. Првиот натпревар е на 12-ти јули во 16 часот.