ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Младеновски останува во Македонија?

Младеновски останува во Македонија?

сподели
фото: МЗТ Скопје

Македонскиот репрезентативец уште е без клуб откако на крајот од минатата сезона го напушти МЗТ Скопје.

На чекањето може наскоро да дојде крај бидејќи, како што дознава basketball.mk, два македонски клуба се сериозно заинтересирани да го донесат Љубомир Младеновски во своите редови. Центарот летово добил неколку понуди од странство, но тие не биле задоволителни и одлучил да не ги прифати.

Ако дојде до соработка со некој од овие два клуба, тоа ќе биде само со отворен договор, односно со можност 24-годишниот кошаркар да си замине ако стигне нова, поповолна понуда од странство.

Младеновски веќе има искуство од играње во странски клубови бидејќи една сезона помина во словенечкиот прволигаш Илирија каде остави одличен впечаток.