ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА МЛАДЕНОВСКИ: МЗТ Скопје е прекрасен клуб, но ми треба(ше) нов предизвик

МЛАДЕНОВСКИ: МЗТ Скопје е прекрасен клуб, но ми треба(ше) нов предизвик

сподели
Љубомир Младеновски вторпат во кариерата ќе биде член на Работнички

Новиот шампион на Македонија има еден репрезентативец помалку во своите редови.

По освојувањето на титулата Љубомир Младеновски одлучи повторно да си замине од Аеродром, една година откако се врати во старото јато. За basketball.mk 24-годишниот центар објаснува зошто се одлучил на ваков чекор.

фото: МЗТ Скопје

„Нема некоја посебна причина за моето барање за раскин на договорот, имав одличен однос со управата и тренерот Кочов. Но, на крајот од сезоната, по освојувањето на титулата, седнавме и им соопштив дека сакам нов предизвик, повторно да заиграм во странство и тие ми излегоа во пресрет, не ми направија никаков проблем за што сум многу благодарен.

На МЗТ Скопје му посакувам се најдобро во следната сезона, тоа е прекрасен клуб. Се надевам дека ке успее да го искачи тоа последно скалило и да се врати во АБА лигата, нешто што не ни успеа нас годинава. Верувам дека е подготвен за тоа и дека таму му е местото.

Јас моментално се подготвувам за новата сезона, очекувам во текот на овој месец да добијам конкретна понуда за продолжување на кариерата и да одлучам која ќе ми биде следна станица“, изјави Младеновски.

Пред да се врати во МЗТ Скопје тој една сезона беше член на словенечкиот прволигаш Илирија каде остави одличен впечаток.