ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА МЛАДЕНОВИЌ: Го избрав Гостивар зашто никој нема таква публика!

МЛАДЕНОВИЌ: Го избрав Гостивар зашто никој нема таква публика!

сподели

Довчерашниот играч на АВ Охрид е првиот од тој клуб што успеа, официјално, да најде нова средина каде ќе ја продолжи кариерата.

Марјан Младеновиќ треба да го донесе искуството во екипата на Гостивар, неопходно за остварување на високите амбиции. Заедно со Костоски и Доналдсон ќе го сочинува триото плејмејкери во составот на Марјан Србиновски.

„Очекувам Гостивар да игра квалитетна и атрактивна кошарка, како што беше тоа случај и претходните сезони. Целта на екипата е прво да влеземе во плеј-офот, а се надевам дека ќе се пласираме и во финалето и ќе се бориме за трофеј.

Ја прифатив понудата од овој клуб затоа што никој во Македонија нема таква публика, салата е секогаш исполнета и не се сомневам дека така ќе биде и во новото првенство. Сакам да им испратам порака на љубителите на кошарката во градот да доаѓаат на нашите натпревари во што поголем број и да го поддржуваат клубот, а ние ќе дадеме максимум за да ги израдуваме“, изјави Младеновиќ за basketball.mk.

За 32-годишниот велешанец Гостивар ќе биде шести клуб во македонското првенство по Ултимејт Баскет, Овче Поле, Куманово, АВ Охрид и Блокотехна.