ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Младеновиќ и трипл-дабл – еднаш мора да се случи!

Младеновиќ и трипл-дабл – еднаш мора да се случи!

сподели

Вторпат во петте досегашни кола од Првата македонска кошаркарска лига, плејмејкерот на Куманово е во центарот на вниманието по своите индивидуални настапи.

Во првиот круг, против Пелистер му недостасуваа два скока за трипл-дабл (24 поени, 17 асистенции, осум прифатени топки). По мала пауза, блиску до вакво достигнување беше на дуелот со Вардар иако со нешто полоши бројки.

За 35 минути постигна 9 поени, 7 скока и 11 асистенции, но шутираше многу помалку, само пет пати од игра и без слободно фрлање.

Како тргнал Марјан Младеновиќ нема да се смири додека не влезе во одбраното друштво македонски кошаркари со трипл-дабл. Последниот од нив беше Предраг Самарџиски во полуфиналето од плеј-офот минатата сезона, против Гостивар.