ПОЧЕТНА ЕВРОПА Миротиќ збесна: Лажат зашто уште не можат да преболат дека сум во...

Миротиќ збесна: Лажат зашто уште не можат да преболат дека сум во Барса

сподели

Црногорецот со шпански пасош не можеше да се воздржи по информациите во мадридските медиуми дека, наводно, предводел бунт против Светислав Пешиќ и дека тој е најголемиот фактор за тензијата во екипата.

„Лажат и кажуваат лоши работи за мене бидејќи играм за Барса. Не можат да го преболат тоа и нема никогаш, страшно ги боли“, грмеше Миротиќ.

Вознемирен поради наводите е и тренерот на Барселона кој на клупата на тимот се врати минатата година и освои две титули во Копа дел Реј.

„Светислав Пешиќ е име во кошарката, 35 години работам како тренер. Чудно е тоа што текстот не е потпишан“, вели 70-годишниот српски стручњак.

Барселона во моментов е на делба на првата позиција на табелата во Евролигата, со ЦСКА и Милано, а во домашното првенство заостанува две победи зад лидерот Реал и второпласираната Сарагоса.