ПОЧЕТНА Евролига МИРОТИЌ: Не ми е многу гајле за навивачите на Реал…

МИРОТИЌ: Не ми е многу гајле за навивачите на Реал…

сподели
Marca

Трансферот на шпанскиот репрезентативец од НБА лигата во Барселона е комплетиран и тој е нов играч на гордоста на Каталонија.

Нормално е што меѓу првите теми на кои мораше да зборува по презентацијата беа релациите со Реал Мадрид и навивачите на овој клуб. Тој е производ на кошаркарската школа на европскиот гигант и новинарите најмногу ги интересираше каков пречек очекува кога ќе се појави во Мадрид како играч на Барса.

„Навивачите на Реал не се нешто со што сум преокупиран во моментов. Знам дека сите натпревари со мојот поранешен тим ќе бидат специјални, но јас одам да победам. Не сум зборувал со никого оттаму, јас лично одлучувам каде ќе играм и сам ги носам одлуките.

Ова го сметам за чекор напред во кариерата. Точно е дека порано велев дека нема да играм за Барселона, но за петте години во САД созреав, станав и татко и моите ставови на некои теми се променија. Горд сум на клубовите во кои сум играл, како во Шпанија, така и во НБА, но ветувам дека за Барса ќе дадам се од себе“, изјави, меѓу другото, Никола Миротиќ на презентацијата.

Својот прв официјален натпревар во дресот на Барселона тој ќе го одигра на 21-ви септември против Валенсија или Фуенлабрада во Мадрид. Можно е вториот меч да му биде против поранешниот клуб Реал, ден подоцна, во евентуалното финале од шпанскиот Суперкуп.