ПОЧЕТНА ЕВРОПА Миротиќ е моторот на Барса, Џејмс ја влече ЦСКА

Миротиќ е моторот на Барса, Џејмс ја влече ЦСКА

сподели
фото: FC Barcelona

Црногорецот со шпански пасош постигна личен рекорд од 33 поени во победата на Каталонците со 97:94 против Валенсија, во 4-то коло, по кое Реал Мадрид со победата 89:64 против Фуенлабрада останува перфектен во сите натпреварувања.

Мајк Џејмс регистрира 22 поена со 3 украдени топки за 19 минути игра во триумфот на московјаните против Минск, со 114:81 во ВТБ лигата. Армејците постигнаа 18 (од 33) тројки, што е нов рекорд во регионалното натпреварување каде имаат 2/2.