ПОЧЕТНА Некатегоризирана Миротиќ барал 70 милиони и од Реал, но добил НЕ

Миротиќ барал 70 милиони и од Реал, но добил НЕ

сподели

Еден од најдобрите шпански кошаркари во моментов е пред враќање во оваа пиринејска држава, по пет сезони во НБА лигата.

Се поинтензивно се зборува за негов трансфер во Барселона која подготвила 70 милиони евра (бруто) за неговиот договор. Евентуалниот премин во Блауграна ќе биде куриозитет бидејќи Никола Миротиќ е поранешен кошаркар на Реал, е не е голем бројот на играчи последните децении кои го носеле дресот на двата славни шпански клуба.

Шпанскиот весник Марка, меѓутоа, тврди дека пред да почне преговори со Барселона, Миротиќ преку своите агенти го имал истиот предлог и за Реал Мадрид – 70 милиони евра за шест сезони, но оттаму добил негативен одговор.

Политиката на најтрофејниот шпански и европски клуб последните години е таква што не се бркаат скапи ѕвезди затоа што екипата ја има базата која ја сочинуваат Серхио Љуљ, Руди Фернандес, Џејси Керол и Фелипе Рејес и на нив само им се додаваат кошаркари кои можат да се вклопат во филозофијата на Пабло Ласо, а да не се почувствува заминувањето на важните играчи како што беше лани Лука Дончиќ.

Таков беше случајот со Валтер Таварес и Факундо Кампацо, претходно и Треј Томпкинс, Џефри Тејлор и Ентони Рендолф.

Ова лето приоритет беше продолжувањето на договорите на Кампацо и Таварес поради што Миротиќ веднаш беше одбиен.