ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА МИРАКОВСКИ: Ни треба малку време, но одиме постепено

МИРАКОВСКИ: Ни треба малку време, но одиме постепено

сподели
фото: Александар Ристовски

Стратегот на Работнички дебитира на новото работно место со победа, против екипа со името на најлутиот ривал. Не беше првиот тим, но секоја победа во дуелите на тимот од градски парк против екипа што го носи аеродромското име, е слатка.

„Игравме против млада екипа која трча одлично и направи се што можеше против нас, не намачи малку, па затоа моравме да играме со најдобрите играчи долго време.

Поранешниот плејмејкер, почна нова епизода во животот.

Кај нас се чувствува присуството на новите играчи, немаме доволно натпревари, имавме голема пауза што ни е дополнителен проблем, но полека се уигруваме.“, рече Мираковски за basketball.mk.

Работчки победи против МЗТ2 со 103:58 во последниот натпревар од првото коло, во новата сезона во македонската Прва лига. Во следната рунда играат Работнички и Гостивар, односно МЗТ2 и МЗТ Скопје Аеродром.