ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Минатата недела беше тепачка за првото, сега за второто место

Минатата недела беше тепачка за првото, сега за второто место

сподели
Кожув и Работнички се две од петте екипи на делба на второто место (фото: Александар Ристовски)

Се менуваат некои нешта во Првата лига, но едно останува – неизвесноста на табелата што не беше карактеристична за ниедна од претходните 27 сезони во домашната кошарка.

По осмото коло четири екипи беа на делба на првото место: Кожув, МЗТ Скопје, Гостивар и Еуро Никел. Од нив победи само шампионот кој се издвои на табелата, а на останатите три екипи им се приклучија Работнички и Куманово кои славеа во последната рунда.

По ова, дури пет екипи се наоѓаат на делба на втората позиција на табелата со биланс од шест победи и три порази. Според кош-разликата, гевгелискиот прволигаш е второпласиран, зад него е Работнички кој по кризниот период, доби шанса да се бори дури и за врвот.

Ваквата ситуација на табелата е резултат на изненадувачките исходи во досегашниот дел од првенството. Работнички загуби од Академија ФМП, Гостивар беше поразен од Пелистер, МЗТ Скопје од Еуро Никел, Гостивар на домашен терен од Куманово… Ако вака продолжи, ова сигурно ќе биде една од најинтересните сезони во историјата на македонската Прва лига.