ПОЧЕТНА Некатегоризирана МИЛИЈАРДИТЕ НА НБА: Најлудиот ден во историјата на трансферите!

МИЛИЈАРДИТЕ НА НБА: Најлудиот ден во историјата на трансферите!

сподели

Прозорецот од отворениот пазар пред новата сезона, е оценет како најдивиот и највозбудливиот во постоењето на најсилната кошаркарска лига на светот.

За само 8 часа, колку што трае-ше лудилото со слободните агенти, беа постигнати 48 договори со вредност околу 3.1 милијарди американски долари.

Сето ова, со неколку големи имиња, пред се Кави Ленард, Клеј Томпсон и Џими Батлер, кои што се уште се „слободни“.

Слободните агенти немаат рок до кој што може да се договараат, што значи тие може да останат слободни се додека не најдат соодветен тим.

Но, со ретки исклучоци, тие не смее да ПОТПИШАТ договор до 6-ти јули, со цел да имаат шанса за размислување, што значи се уште ништо не е ГОТОВО!