ПОЧЕТНА СВЕТ Миленикот на Коби поставува стандарди

Миленикот на Коби поставува стандарди

сподели
essentiallysports.com

Своевремено, трагично загинатиот Брајант ги праша Лејкерс зошто не го драфтуваа Џејсон Тејтум, наместо Лонѕо Бол? Мамбата беше во право!

Играчот на Селтикс е вториот најмлад со +20 поени, +10 скока и +5 асистенции во еден седми плеј-оф натпревар во иста серија, зад легендата на ЛА.

Неговите 29 поени, 12 скока и 7 асистенции за триумф на Бостон против Торонто, со вкупни 4:3, пред да наполни 22 години, се легендарно достигнување.

Има уште – само тројца други играчи, пред да наполнат 23 години, имаат +20 плеј-оф меча со по +20 поени: Брајант (32), Леброн (29) и Дерик Роуз (22).