ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Мијатовиќ за победа, Лесколт за малку до трипл-дабл

Мијатовиќ за победа, Лесколт за малку до трипл-дабл

сподели

Неколку играчи во првите две кола од новата сезона беа на прагот да остварат нешто што ретко се гледа и во европската, а не во македонската кошарка.

Меѓу нив сега е и новото засилување на Работнички, Хејден Лесколт кој имаше ол-раунд издание на натпреварот против Гостивар. Шутот му беше како за НБА играч – 9/20, но затоа постигна 25 поени и имаше по осум скока и асистенции за вкупен индекс 30.

Дури петмина кошаркари на Работнички имаа двоцифрен број поени, а Мијатовиќ и Бенџамин потсетија на заедничките денови од Блокотехна пред две сезони.