ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Мијатовиќ го избра Работнички пред МЗТ Скопје!

Мијатовиќ го избра Работнички пред МЗТ Скопје!

сподели

Неколкудневната „војна“ меѓу двата најтрофејни македонски клуба заврши со победа на оној од Градски парк.

Светскиот шампион во „3х3“, Данило Мијатовиќ претстојната сезона ќе го носи дресот на Работнички кој беше поупорен од МЗТ Скопје и успеа да го обезбеди потписот на 36-годишниот кошаркар, а со тоа да го спречи неговото враќање во Аеродром.

Српскиот интернационалец требаше да игра во екипата на АВ Охрид, но проектот, односно клубот згасна на пет дена пред планираниот почеток на сезоната и играчите добија зелено светло да ја променат својата средина.

Мијатовиќ е во Македонија четири години, во два наврати беше член на МЗТ Скопје, две сезони играше за Блокотехна, а останатиот период го помина во Куманово. Минатата сезона беше прогласен и за најкорисен играч во БИБЛ лигата во кое натпреварување ја освои титулата со Блокотехна.

Со ангажманот на Мијатовиќ, Работнички има тројца странци, покрај него тука се уште Хејден Лесколт и уште еден поранешен играч на Блокотехна, Двејн Бенџамин.