ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Мијатовиќ е првата ластовичка во АВ Охрид

Мијатовиќ е првата ластовичка во АВ Охрид

сподели

Српскиот ветеран, досегашен член на Блокотехна во новата сезона ќе го носи дресот на амбициозниот клуб од југозападниот дел на Македонија.

АВ Охрид потпиша договор на една сезона со Данило Мијатовиќ кој по Куманово, МЗТ Скопје и Блокотехна, ќе игра и за четврти клуб од Македонија.

Минатата сезона тој беше еден од најдобрите играчи на Блокотехна и прогласен за МВП на БИБЛ лигата, но доживеа повреда поради која околу два месеца беше надвор од терените.