ПОЧЕТНА Евролига Месина „полудел“ или тренира строгост, или Џејмс е најголемата „пропалица“

Месина „полудел“ или тренира строгост, или Џејмс е најголемата „пропалица“

сподели
Olimpia Milano

Италијанскиот стратег којшто се врати од НБА лигата и од асистент на клупата на Сан Антонио Спарс, ја презеде евролигашката екипа на Олимпија Милано, сака да го избрка од клубот играчот кој што минатата сезона беше најдобар стрелец во елитното натпреварување.

Презентацијата на Еторе Месина (фото: Olimpia Milano).

Еторе Месина сфати колку е часот, кога дозна дека Спарс ќе го ангажираат Тим Данкан како асистент и виде дека никогаш нема да биде прв тренер на оваа франшиза, по што реши да се врати во родната земја и во натпреварувањето каде што ја стекна славата.

„Лично го информирав Мајк Џејмс дека за него нема место во нашиот ростер.“ – се зборовите на Месина.

Тој е познат по неговите екстремно строги потези и железната дисциплина што ја бара од играчите. Последната жртва ќе му биде американската машина за поени, кој што ладнокрвно изреагира на социјалните мрежи:

„Засега ќе бидам само добра чиерлидерка.“

Мајк Џејмс имаше просек од 19.8 поени со 6.4 асистенции и 3.8 скока, за просечни 33:56 минути поминувани на паркетите во рамките на претходната натпреварувачка година во УЛЕБ Евролигата, а воедно го освои и пехарот „Алфонсо Форд“ за најдобар стрелец.

Olimpia Milano

Иако тренерот има апсолутно право да влече потези какви што мисли дека треба, да се ослободиш од еден ваков мега-играч или треба да те навредил до коска, или да си дознал дека има дебело полициско досие, или во летниот период да се претворил во најголемиот расипник на светот.