ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Мекиќ не потпишал со МЗТ Скопје

Мекиќ не потпишал со МЗТ Скопје

сподели

Повремениот македонски репрезентативец и еден од најдобрите бекови во нашата премиерна кошаркарска лига, сепак нема официјален договор со актуелниот македонски првак и лидер во сезоната што беше прекинаа поради коронавирусот.

Симпатии меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Адем Мекиќ сигурно постојат, затоа што тој својата вистинска промоција ја доживеа токму во оваа скопска екипа кога настапуваше таму од 2014-та до 2017-та година, од сигурни извори дознаваме дека бил во комбинација да потпшише со сино-белите за Суперлигата сезонава, но сепак се уште нема заверка на најавите.

Постојат шанси да се потпише договор за следната сезона, двете страни разговарале и се уште се во преговори на таа тема, но официјална согласност не е постигната.

Тој почна во Вардар, потоа играше во МЗТ, Куманово, Охрид и сезоната 2019/2020 ја почна во Пелистер. Во професионалната кариера која трае од 2013-та година, Адем Мекиќ има три титули и два Купа на РМ, со екипата на МЗТ Скопје Аеродром.