ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА МЕКИЌ: Сите што ме познаваат, знаат што чувствувам за МЗТ

МЕКИЌ: Сите што ме познаваат, знаат што чувствувам за МЗТ

сподели

По пауза од речиси три години, репрезентативниот бек повторно ќе го облече „сино-белиот“ дрес на својот омилен клуб.

Со него продолжува интенцијата на МЗТ Скопје да ангажира домашни кошаркари, особено репрезентативци. Адем Мекиќ се враќа многу поискусен и подготвен да биде еден од носителите на играта, за разлика од првиот престој во екипата, од 2014 до 2017 година. Има еден елемент во овој негов трансфер со кој не можат да се пофалат многу кошаркари кои биле членови на МЗТ Скопје.

„Сите што ме познаваат, знаат какви се моите симпатии кон МЗТ Скопје, клубот за кој навивам од дете. Од моето заминување се сменија многу работи, сметам дека сега сум поискусен, очекувам поголема минутажа и подготвен сум да преземам повеќе обврски врз себе.

Играв во АБА лигата, се надевам дека ќе успееме со соиграчите да се вратиме таму, а на домашна сцена да ја освоиме двојната круна“, изјави Мекиќ за МЗТ Скопје.

Тој е шести кошаркар во ростерот на МЗТ Скопје пред почетокот на сезоната и шести домашен. Покрај него, на располагање на Кочов ќе му бидат уште Дамјан Стојановски, Андреј Маслинко, Бојан Крстевски, Андреј Магдевски и Филип Бакоч.