ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Мекиќ се запиша во историјата на македонската кошарка

Мекиќ се запиша во историјата на македонската кошарка

сподели

Македонскиот репрезентативец е апсолутен херој на осмото коло од Првата кошаркарска лига. Во последниот меч од овој круг, Пелистер победи како гостин кај МЗТ 2 со 77:86, а Адем Мекиќ оствари трипл-дабл и влезе во одбраното друштво македонско кошаркари на кои им успеало тоа.

За 23 минути на теренот тој постигна 21 поен, 12 скока и 11 асистенции за индекс 35. Со тоа им се придружи на Предраг Самарџиски, Никола Караколев, Горан Главчев, Димитар Караџовски, Тони Симиќ и Горан Самарџиев, Македонци кои во својата кариера оствариле трипл-дабл.

Кај МЗТ Скопје 2, Дарио Митевски беше најефикасен со 15 поени, а Мамузиќ постигна 14.