ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА МЕКИЌ: Сакав да бидам дел од новата успешна приказна на АВ Охрид

МЕКИЌ: Сакав да бидам дел од новата успешна приказна на АВ Охрид

сподели

По 18 месеци македонскиот репрезентативец го напушти Куманово и кариерата ќе ја продолжи на југозападот од Македонија.

Адем Мекиќ е едно од многуте засилувања на АВ Охрид кој почнува нова, многу поамбициозна етапа во своето постоење. Ангажирани се неколку квалитетни кошаркари од земјава и странство со кои тимот ќе атакува на висок пласман.

Неговите искуство и квалитет сигурно ќе бидат добредојдени, без разлика дали охриѓани ќе одлучат да играат во меѓународни натпреварувања претстојната сезона или ќе се фокусираат само на домашна сцена.

„Поминав прекрасни година ипол во Куманово и сум благодарен на тренерот Александар Петровиќ и управата на клубот.

Со АВ Охрид потпишав на една сезона. Тоа е нов проект, нова приказна во која сакав да учествувам и се надевам дека ќе биде успешна“, изјави Мекиќ за basketball.mk.

Неколку македонски клубови беа заинтересирани за неговиот потпис ова лето. Сепак, АВ Охрид ќе му биде четвртиот клуб во македонската кошарка по Вардар, МЗТ Скопје и Куманово.