ПОЧЕТНА СВЕТ Мегапресметка на ре-стартот!!!

Мегапресметка на ре-стартот!!!

сподели

Лејкерс и Клиперс се двата најсериозни кандидата за титулата во НБА лигата, во сезоната што беше прекината поради коронавирусот, но ќе продолжи во „балонот“ во центарот „Дизни“ во Орландо, на Флорида.

rezultati.com

Штета што овие две екипи не може да играат во големото финале поради позицијата во иста конференција, Западната, но секако ќе ни пружат максимално возбудување пред плеј-офот, а особено ако се сретнат во доигрувањето.

фото: LA Lakers

Леброн Џејмс во дресот на Лејкерс и Каваи Ленард во дресот на Клиперс, се двајцата најдобри играчи во моментов, на светот. Бредли, рондо и Карузо нема да настапат за Лејкерс, а Херел, Вилијамс и Беверли за Клиперс.

фото: Clippers

Последните два меѓусебни дуела завршија со по една победа на двете страни, Клиперс водат 2:1 сезонава, на последните пет соочувања Клиперс имаат три победи, Лејкерс се далеку пославна франшиза.

rezultati.com

Сето ова ни дава право да се надеваме дека почетокот на довршувањето на актуелната и најтурбулентна сезона во историјата на НБА лигата (иако овој меч нема компетитивно значење) ќе биде одбележан со мегаспектакл!