ПОЧЕТНА Евролига Мегадерби на стартот на новата евролигашка сезона

Мегадерби на стартот на новата евролигашка сезона

сподели
euroleague.net

Регуларниот дел од елитното натпреварување ќе почне на 3-ти октомври, на 3-ти јануари завршува првата половина, а на 10-ти април е крајот на лигашкиот дел.

Плеј-оф мечевите стартуваат на 21-ви април, сите учесници на завршниот турнир во Келн ќе бидат познати најдоцна на 6-ти мај.

redbull.com/tr

Фајнал-фор викендот е 22-24 мај, за првпат во историјата во Ланксес арената, еден викенд по завршниот турнир во ракометната Лига на шампиони на ЕХФ.

Во првата рунда, ќе се соочат најтрофејната европска екипа Реал Мадрид и една од двете најстандардни последниве 5 години (заедно со ЦСКА), тимот на Фенербахче.

euroleague.net

Регионалниот првак Црвена звезда, на враќањето во елитата ќе отвори против Панатинаикос, во ОАКА арената, а Олимпијакос ќе гостува кај Асвел.

Во првото коло, како и во текот на целата сезона, едноставно ќе нема слаб натпревар, со оглед на засилените ростери на сите тимови.