ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Мега-проект на Пелистер, го донесе и Трајковски!

Мега-проект на Пелистер, го донесе и Трајковски!

сподели

Заедно со Бобан Стајиќ, битолскиот прволигаш се засили со уште еден македонски репрезентативец кој последните месеци го немаше на кошаркарските терени поради повреда.

Бојан Трајковски одлучи да се пресели во Битола и да заигра за еден од ретките клубови во македонското првенство чиј дрес досега не го облекол. Во својата кариера тој беше член на: Балкан Стил, Работнички, Фени, Торус, Лирија, Куманово, Карпош Соколи, МЗТ Скопје и Гостивар.

Последната сезона му беше соиграч на Стајиќ во тимот на Кожув, но се повреди пред крајот на ноември и оттогаш не одигра ниеден натпревар.