ПОЧЕТНА ЕВРОПА МЕЧ НА СЕЗОНАТА: Кој ќе свири, а кој е игра (на) Шумадински...

МЕЧ НА СЕЗОНАТА: Кој ќе свири, а кој е игра (на) Шумадински rock n’roll

сподели

Чачак е срцето на Србија. Зборуваме за кошарката. Тоа е градот што ги даде спортските великани и Олимпијци во некогашната европска татковина на овој спорт, СФР Југославија – Жељко Обрадовиќ, Драган Киќановиќ и за дел од нас, помалку познатиот, Милун Маровиќ.

Екипата од овој српски град се вика Борац, името кажува се. Нема предавање, никој досега не си поминал „убаво“ на паркетот пред 4.000 гледачи, крај Морава. Првото соочување во второто според ранкинг јадранско натпреварување, сезонава, заврши со триумф на металците на домашен паркет, со резултат 76:69 (4-то коло).

фото: МЗТ Скопје/Петр Стојановски

Србите се лидери во АБА2 друштвото со скор 12/2, македонската екипа е на втората позиција со 11/3. Аеродромци ја завршија старата и ја почнаа новата година со победи, имаат три во низа. Борац ја заврши 2019-та со пораз кај Спарс, редовниот муштерија на штрковите.

фото: Spars/Merjem Berbic

Борац дома не знае за пораз од 18-ти мај минатата година, има страотна серија од 18 победи, која некогаш мора да заврши. МЗТ Скопје на гости игра променливо – на последните 17 средби на истиот датум загуби во Гостивар, а потоа претрпе порази кај Работнички, повторно во Гостивар, Сутјеска, Хелиос, Еуро Никел и кај Ловќен.

фото: МЗТ Скопје/Петр Стојановски

Бројките немаат допирна точка со иднината, само се показател врз кој може да се гради стратегијата и кажуваат по нешто за минатото. Што ќе се случи утре, не знае никој. Мотивацијата, концентрацијата и желбата за победа се пресудни во големите мечеви. А, овој, од 18:00 часот на 9-ти јануари 2020-та, за МЗТ Скопје, е токму таков!