ПОЧЕТНА А Репрезентација Мажите од 6-тиот, а дамите од 4-тиот шешир, ќе го напаѓаат Стариот...

Мажите од 6-тиот, а дамите од 4-тиот шешир, ќе го напаѓаат Стариот континент

сподели

Меѓу 32 селекции во машка конкуренција и 35 во женска, нашите сениорски репрезентации ја чекаат ждрепката на 22-ри јули во Минхен, за квалификациските групи за претстојните европски првенства што ќе се одиграат во 2021-та година.

Мажите ќе играат во Германија, Чешка, Грузија и Италија, а дамите ќе се натпреваруваат во Шпанија и Франција.

fiba.basketball

Машкиот систем е дома-гости, во осум групи по 4 селекции, по два натпревара во скеој прозорец на ФИБА. Првиот квалификациски прозорец за мажите е февруари 2020, вториот во ноември, а последниот е закажан за февруари 2021-та година.

Првите три репрезентации од секоја квалификациска група, ќе се квалификуваат на Евробаскет 2021. Од групите каде што ќе бидат сместени организаторите, на завршницата на ЕП ќе се пласираат две репрезентации.

kfsm.mk

Кај дамите, првиот прозорец е предвиден за ноември годинава, вториот ќе се одигра идниот ноември, а последниот ќе се одигра на почетокот на февруари 2021-та година.

Од девет групи, шест ќе бидат составени од четири репрезентации, а три по три репрезентации. Системот е дома-гости, а првопласираните репрезентации од секоја група заедно со петте најдобри второпласирани селекции, одат на ЕП.