ПОЧЕТНА СВЕТ (ВИДЕО) Мавс и Дончиќ на прошетка во Сан Франциско

(ВИДЕО) Мавс и Дончиќ на прошетка во Сан Франциско

сподели
yardbarker.com

Далас стигна до 25-та победа со триумфот 97:124, во Сан Франциско против Голден Стејт. Шест играчи имаа двоцифрен учинок, ги предводеше Двајт Пауел со 21 поен и 6 скока, додека Лука Дончиќ додаде 20 поени и 8 скока. Дабл-дабл од 13 поени и 11 скока, забележа Србинот Бобан Марјановиќ. Кај домашните, Џордан Пул заврши со 17 поени и 5 асистенции.

Со оваа победа, Маверикс (25/15) се доближија до првите четири позиции на табелата, кои носат предност домашен терен во плеј-офот. Вориорс го продолжуваат негативниот тренд (без ѕвездите во составот сезонава) и остануваат со едноцифрен број победи (9/33), на последното место на западната табела.