ПОЧЕТНА ПРВЕНСТВА МАРЈАНОВИЌ: Плачев кога слушнав за Кузмиќ

МАРЈАНОВИЌ: Плачев кога слушнав за Кузмиќ

сподели
FIBA

Српскиот репрезентативец ја отвори душата за моментот кога дознал дека неговиот колега имаше тешка сообраќајна несреќа, крај Бања Лука.

„Многу ме погоди таа вест. Не можев да поверувам дека такво нешто може да му се случи на таков човек. Се расплакав веднаш кога слушнав.

Му посакувам да се опорави многу брзо, да се врати на терените. Сакам повторно да ја гледам таа негова насмевка.“ – рече Бобан Марјановиќ, за Спортски журнал.

Кузмиќ се враќал од свадба со негов пријател, наводно возел пријателот во спротивна лента и удриле во возило, во моментов е на интензивна нега и контактибилен, по операцијата на лицето и градниот кош.