ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Марјан Младеновиќ во Гостивар!

Марјан Младеновиќ во Гостивар!

сподели

Егзодусот на играчите кои „до вчера“ беа дел од АВ Охрид почна со искусниот плејмејкер кој прв најде екипа каде ќе ја продолжи кариерата.

Марјан Младеновиќ повторно ќе има високи амбиции бидејќи ќе го носи дресот на Гостивар, еден од најквалитетните тимови во прволигашкото друштво. Нема сомнение дека ќе донесе квалитет бидејќи лани со Блокотехна играше во финале од Купот на Македонија и ја освои титулата во БИБЛ лигата.

Со него гостиварци го комплетираа плејмејкерското трио, можеби најдобро во лигата бидејќи покрај велешанецот, тука се уште Александар Костоски и Американецот, Донован Доналдсон.