ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Марче удри по Солнок со 12 тројки

Марче удри по Солнок со 12 тројки

сподели
фото: kk-av ohrid

МЗТ Скопје ќе се бори за трофејот на турнирот во Орадеа, по победата против унгарскиот тим Солнок со 115:94.

Своја вечер имаше македонскиот репрезентативец Марко Симоновски кој постигна 12 тројки од 17 шута и натпреварот го заврши со 42 поена. Ѓорѓи Кочов има мошне потентна постава, Џабари Хиндс постигна 21 поен, Нуни Омот 15, а двоцифрен беше и Маслинко со 12.

Противник на аеродромци во мечот за титулата ќе биде домаќинот Орадеа кој, исто така, го победи Солнок. По враќањето во Скопје, МЗТ Скопје го очекува пријателски дуел и со Крајова чиј тренер е Александар Тодоров.