ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Македонските ветерани се уште царуваат во Македонија

Македонските ветерани се уште царуваат во Македонија

сподели
фото: архива

Ако сакаш да освојуваш трофеи кај нас, најдобро е да ги собереш сите најдобри домашни играчи, или барем да формираш една квалитетна македонска петорка, а потоа да додадеш по некој квалитетен странец.

Тоа е рецептот што сме го виделе дека функционира, со децении наназад. Скоро секаде важи ова правило, но во нашата лига е основно. Така титулите ги освојуваше Работнички претходниот век, така и МЗТ Скопје во новиов.

Во редовите на Гостивар – Диме Тасовски има 39 години, Александар Костоски има 31 година, Ивица Димчевски има 30 години. Кај играчите на МЗТ Скопје најрасположени беа Дамјан Стојановски, кој има 32 години и Бојан Крстевски кој има 30 години.

Сите се родени пред 1990-та година, што значи – нашата кошарка ХИБЕРНИРА скоро три децении. Единствено Магдевски кој има 24 години, заслужи да се најде во ова друштво, за овој меч, но тој учеше кошарка во Шпанија.