ПОЧЕТНА Женска кошарка Македонските јуниорки успешни на турнирот во Скопје

Македонските јуниорки успешни на турнирот во Скопје

сподели
КФСМ

Женската репрезентација на Македонија М18 оствари две победи и еден пораз на пријателскиот турнир што се одржа во Спртскиот центар Јане Сандански.

По поразот од Турција (64:101), совладани се Бугарија (74:68) и Грција (81:72) што е одличен успех за нашите млади кошаркарки.

Селекторот Жаклина Стојановска верува тврди дека оваа генерација е светла иднина на македонската женска кошарка, а својот квалитет ќе го докаже на Европското првенство Б-дивизија што од 5-ти до 14-ти јули ќе се одржи во Скопје.

„Како домашна екипа се стремиме да покажеме дека и женската кошарка заслужува поддршка и почит, и се надеваме дека нашата публика ќе биде присутна во поголем број“, вели Стојановска.

Грција е една од репрезентациите кои ќе ни бидат противници во групната фаза од првенството. Покрај оваа селекција, наши ривали се уште Ирска, Романија, Словачка и Австрија.