ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Македонскиот град на кошарката има двајца нови жители

Македонскиот град на кошарката има двајца нови жители

сподели

Полуфиналистот во Купот и плеј-офот брои ситно до почетокот на подготовките, а кошаркарите полека се собираат пред прозивката.

Пристигнаа и двете странски засилувања со кои Гостивар ќе брка чекор понапред во однос на минатата сезона, а тоа може да биде само финале или титула во некое од двете натпреварувања.

Нови жители на Гостивар се Донован Доналдсон и Брион Брејди, плејмејкер и крилен центар, засега двете најголеми засилувања за екипата од најкошаркарскиот град во Македонија.

Од екипата си заминаа антените под кошевите Бојан Трајковски и Џо Фурстингер, како и разигрувачот Јурај Сегариќ, новите играчи треба да бидат нивни замени.