ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА МАКЕДОНСКИТЕ ИГРАЧИ: Остануваме на ставот за кој напорно се боревме во минатото

МАКЕДОНСКИТЕ ИГРАЧИ: Остануваме на ставот за кој напорно се боревме во минатото

сподели

Здружението на кошаркарски играчи, по редовното годишно собрание, излезе со став што ви го пренесуваме во оригинал и во целост:

По раководењето на седницата по дневниот ред, изгласавме неколку промени кои ќе го олеснат начинот на функционирање на самото здружение, вметнавме годишна членарина на сите наши членови што ќе допринесе организациски да ја подигнеме нашата асоцијација на едно повисоко ниво.

Од раководните тела беше презентирана план и програма за насоките каде треба да се движиме во иднина и како треба да делуваме понатаму. Сето тоа придонесе да се отвори дебата од каде произлегоа неколку одлуки за ставот на играчите за многу суштински прашања (услови за тренинг и натпревар, минимална плата, пензиско и здравствено осигурување, итн).

Ќе работиме напорно во иднина на средби со КФСМ и клубовите за отпочнување на постапка на изработка на колективен договор кој ќе претставува една правна рамка за регулирање на нашите права и обврски. Сметаме дека е време каде што еден таков договор ќе донесе позитивен ефект кон сите структури поврзани со кошарката и спортот во Македонија.

Ја искористивме оваа наша средба да дебатираме на предлогот кои неодамна клубовите го искажаа во врска со промена на правилото од 3 македонски кошаркари во игра во текот на еден натпревар во првата лига, кое впрочем беше донесено пред не цела година, односно стапи на сила на вонредното дописно собрание од 28.06.2018 година.

Едногласно се сложивме дека остануваме на ставот за кој напорно се боревме во минатото во кое домашните играчи (посебно помладите) мора да добиваат поголема шанса за натпреварување во домашното првенство и целосно го подржуваме сегашното правило.

Сметаме дека треба да се почитуваат актите и одлуката која е на сила во однос на ова прашање и сметаме дека нема потреба од избрзани одлуки и промени на сегашното правило на кое ефектот допрва треба сите ние да го осетиме.

Се надеваме дека актуелното раководство на федерацијата на чело на Перо Антиќ, ќе се заложат правилото да остане непроменето односно ќе се продолжи да се применува по планот кој е изгласан на 28.06.2018 година, и воедно е регулиран и за натпреварувачките сезони 2019/20 и 2020/21.

Убедени сме дека резултатите и ефектот од примената на ова правило допрва ќе излезат на виделина и несомнено ќе го подигнат квалитетот на кошарката во Македонија.

Мора да напоменеме дека не радува фактот што на ова собрание добивме дваесетина нови членови со кои сите заедно ја продолжуваме борбата за подобра кошаркарска Македонија.

Спортски поздрав,

Здружение на кошаркарски играчи