ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Македонски клубови во иста лига со српски и грчки!?

Македонски клубови во иста лига со српски и грчки!?

сподели
фото: Александар Ристовски

Иницијативата што пред извесен период била доставена до КФСМ од првиот човек на бугарската федерација Георги Глушков доби нови димензии.

Освен македонски и бугарски, за регионалната лига за која се залага Глушков се заинтересираа и грчки и српски клубови и таа би можела да биде пандан на АБА натпреварувањето. Претседателот на БФБ откри дека е во преговори со челниците на останатите три држави, но точниот план за новата лига ќе се знае до 15 јули.

Наскоро треба да се одржи заеднички состанок на претседателите на сите федерации на кој ќе биде соопштена идејата како шампионатот би се вклопил во календарот со домашните првенства.