ПОЧЕТНА А Репрезентација Македонија падна 11 места на ФИБА листата

Македонија падна 11 места на ФИБА листата

сподели
фото: Мартин Стојанов, Гевгелија

Мундобаскетот во Кина донесе многу промени во односот на силите во светската кошарка. Македонија не учествуваше на него и на најновиот ранкинг на ФИБА се најде на 53-тото место, 11 позиции подолу отколку на претходниот.

FIBA

Нашата репрезентација не е активна од февруари кога го заврши вториот циклус претквалификации за Европското првенство во 2021 година, а така ќе остане до идниот февруари кога почнуваат главните квалификации.

FIBA

Само три светски репрезентации имаат поголем пад од Македонија на ова рангирање: Јамајка за 15 и Летонија и Финска по 13 позиции. Мексико, како и нашата селекција, падна за 11 места. Во европската зона Македонија е на 29-тото место.

FIBA

Овој ранкинг ги зема предвид резултатите во последните осум години што значи дека повеќе не се сметаат резултатите на нашата репрезентација на Европското првенство во Литванија каде го остваривме најголемиот успех – четвртото место.