ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Македонија и Косово тесно ќе соработуваат

Македонија и Косово тесно ќе соработуваат

сподели

Кошаркарските федерации на двете соседни земји потпишаа меморандум за разбирање и соработката.

Документот кој подразбира акции за заеднички развој на кошарката, а кој ќе важи во следните две години го потпишаа претседателите на двете федерации Перо Антиќ и Арбен Фетаху. Во рамки на меморандумот се планирани меѓусебни натпревари на сениорските и младинските селекции, заеднички учества на турнири, размена на стручњаци, заеднички тренинзи на националните селекции и учество на играчи, судии и тренери на тренинг кампоци.

Освен тоа, двете страни треба да си помагаат и околу наоѓањето спонзори во своите држави со оглед на тоа што многу интернационални компании имаат свои претставништва и во Македонија и во Косово.

Федерациите ќе имаат заеднички состаноци еднаш годишно, а можно е договорот да биде продолжен по првобитната двегодишна соработка.